
“Имаме јасни информации дека Никола Груевски има унгарско државјанство, а имаме и сознанија дека тој добил и српско државјанство. Виктор Орбан му додели унгарско државјанство во 2022 година, додека српско државјанство добил од Вучиќ”, изјави Филипче за Недељник.
Тој додава дека кога станува збор за медиумите, луѓето на Орбан контролираат значаен дел од македонскиот медиумски простор, додека Вучиќ и Мицкоски координираат антиевропска пропаганда.
„Мицкоски е најблискиот сојузник на Орбан на Балканот, додека Вучиќ служи како негов заштитник. Падот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан во Унгарија и изборната победа на Петер Маѓар сериозно ја потресоа оваа десничарска оска во регионот. Вучиќ и Мицкоски на тој начин остануваат без својот клучен политички штит“, рече Филипче.
Кабинетот на Мицкоски, истакнува Филипче, спроведува систематска партиска контрола врз државата и го зајакнува нејзиниот притисок врз институциите, медиумите и судството.
Од политичка гледна точка, лидерот на СДСМ смета дека Мицкоски и неговиот круг свесно ја држат Северна Македонија изолирана за да ги избегнат европските стандарди и одговорност.