Канал 5: Амандманот на Протоколот не е наведен во Компромисните амандмани

Спроведувањето на Договорот со Бугарија, продолжувањето на работата на Комисијата за историја и потврдата дека уставните промени остануваат главен услов за отворање на првиот преговарачки кластер се некои од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на нацрт-извештајот на ЕП, до кој дојде Канал 5.

Она што е значајно, според телевизијата, е тоа што амандманот на известувачот Вајц, со кој се бара појаснување дали Вториот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер, воопшто не е директно наведен во документот. Наместо тоа, нацрт-извештајот го цитира Договорот со Бугарија и обврските што произлегуваат од Преговорната рамка на Северна Македонија.

Во амандманите, исто така, се наведува дека постојат различни толкувања на историските карактеристики на македонското општество, но е содржана и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат на процесот на пристапување, додаде Канал 5.

Според германската новинска агенција ДПА, во документот за позиција на Самитот, германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон ќе презентираат нова иницијатива за забрзување на патот на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *