
Премиерот Мицкоски одговори на коментарите на бугарската министерка за надворешни работи Петрова-Чамова дека Северна Македонија треба да бара решенија, а не конфликти со Бугарија.
„Добрососедските односи се двонасочна улица. Човек не може да танцува сам. Или танцува со партнер или нема партнер. Загрижен сум за почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето ќе преовлада рационалноста и разумот. Сепак, ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме, како што сме победиле многу пати во историјата“, изјави тој во саботата.