
СДСМ продолжи да ја критикува Владата во врска со Стоилковиќ.
“Како што месеци наназад предупредувавме, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено работи за интереси спротивни на европската иднина на Македонија. Сега, во интервју за кинеска државна телевизија, Стоилковиќ повикува на ‘соработка со Кина која не е избор, туку неопходност'”, изјавија од партијата.
„Интервјуто се крие од македонскиот јавен увид бидејќи знаат дека граѓаните нема да го прифатат“, додаде СДСМ.