
ЗА предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
Тој ги даде овие коментари во среда, кога беше замолен да коментира за објава на Фејсбук во која пишуваше: „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“.
“Тоа беше реобјава на објава од еден портал што го објавил ова, јас само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен „Вреди“. Колку побргу се одржат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на „Вреди“ и во рамките на кој било друг политички субјект или структура”, рече Лимани.
Прашан на следните избори како дел од која политичка структура ќе учествува, Лимани нагласи дека нема да биде дел од „Вреди“.
“Во „Вреди“ нема да бидам. Ќе видиме каде ќе бидам”, рече тој.