
Повеќе од 14 илјади патници од земјава и странство излегле кон Грција преку ГП Богородица за последните 24 часа. До еден час се чекаше на Евзони за влез во Грција за првомајскиот продолжен викенд.
Примената на новиот европскиот ЕЕС систем е причина за гужвите заради што дел од патниците од Македонија и Србија бараат негово одлагање или олеснување.
Најголемиот дел од патниците кои заминаа за Грција за првомајскиот викенд се од Србија и Косово. Грчките власти најавија олеснување за Британците кои на граница ќе бидат ослободени од земање отпечатоци и фотографирање. Примената на ЕЕС систем започна на 10-ти април годинава.