Судењето за пожарот во Кочани продолжува

На почетокот на судењето, адвокатката на првообвинетиот газдата на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко повторно побара да му биде укинат притворот. Таа побара човечност при одлучувањето бидејќи Јованов е во тешка здравствена состојба. На ова бурно регираа родителите и роднините на починатите кои го следат судењето.

Тие довикуваа „пратете го во хотел“, „пуштете го ние да му пресудиме“, и „срамота“. По ова судијката повика да се смират тензиите. Барањето за замена за затворскиот со куќен притвор беше отфрлено.

Обвинителката Наташа Сарамандова на одбраната ѝ достави и дополнителен одговор на прашања од судска медицина кои биле поставени во наредбата за вештачење. Овој документ не беше прочитани во судницата.

Обвинителството најави образложение од вештакот. Но, дел од адвокатите открија дека во него има податоци дека кај дел од жртвите бил пронајден алкохол, дрога или цијанид.

На паузата реагираа родителите дека досега ваков доказ не бил презентиран и дека недозволиво е да се користи за обвинување кон жртвите. Родителите чекаат вештакот од судска медицина да дојде во судницата и да одговори на сите дилеми, како и за сомнежите дека имало присуство на водороден цијанид кај нивните деца и дека тоа влијаело за смртта.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *