
Ниту еден од тројцата обвинети полицајци кои седат на обвинителна клупа не знаеле дека пишуваат казни за малолетници на неактивна фирма наместо за дискотеката Пулс.
Во записниците за контрола и во записниците за поведување прекршочна постапка ја пишувале фирмата Класик, бидејќи била изложена на лист во дискотеката, а истата ја имало и во Централен регистар. Дознале дека е неактивна дури откако биле поднесени кривични пријави против нив.
За Дејан Јованов, знаеле дека е сопственик на Пулс бидејќи го познавале од град и тој самиот се претставувал како газда. И фирмата да е неактивна, може да се напише казна, кажа обвинетиот Александар Темелков.
Тројцата полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба, пишувале пријави на неактивна фирма и со тоа Пулс одбегнала да ги плати прекршочните пријави за присуство на малолетници во дискотеката.