Мицкоски му честиташе на Радев за победата на бугарските избори

Премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор му ја честиташе победата на парламентарни избори на Румен Радев.

Како што истакна министерот за надворешни работи Муцунски очекуваат стабилна влада кај нашиот источен сосед со која ќе се развиваат билатерални прашања значајни за двете земји. Муцунски посочи дека ќе се работи на соодветно и праведно решение за надминување на блокадата и почнување на преговорите со Европската унија.

Дека во Бугарија ќе има стабилна политичка Влада е позитивна околност но претседателката на државата оценува дека и натаму отежнувачка околност за нас ќе биде бугарскиот парламент кој има јасни позиции во однос на донесените резолуции. Сиљановска Давкова вели иако со Радев имале бројни несогласувања, сепак очекува дијалог кој ќе донесе решение.

Од друга страна, сите 17 бугарски европратеници потпишаа заедничко писмо до своите колеги во кое цврсто го отфрлаат секој обид за повторно отворање или реинтерпретација на Преговорската рамка на ЕУ од 2022 година со Северна Македонија, се вели во извештај на EUalive.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *