
На речиси тричасовната конференција за печат којашто се одржа попладнево во Будимпешта, Маѓар зборуваше и за Србија и Александар Вучиќ, Украина, Полска, Романија, Русија и Европската унија.
Прашањето до Маѓар се однесуваше само на двајцата поранешни полски министри барани за корупција од новата полска водена од Доналд Туск кои што избегаа и добија азил на сличен начин како поранешниот македонски премиер. Маѓар без да биде прашан се изјасни и за Никола Груевски.
Во врска со бараните полски функционери на кои им е одоброен азил во Унгарија, Маѓар рече: „тие нема да останат тука долго. Нека не купуваат мебел од ИКЕА во Унгарија“.
„Унгарија нема да стане депонија за меѓународно барани криминалци. Ова важи не само за нив, туку и за Никола Груевски. На крајот на краиштата тој е поранешен премиер на Северна Македонија и баран криминалец“.
Никола Груевски е во бегство од 2018 година, кога по правосилната пресуда за случајот „Тенк“ тој беше осуден на две години затвор.