Обид за палење на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

МВР презема мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата откако еврејската заедница алармираше за обид за опожарување на нејзиниот објект и на синагогата од две лица, кои на главите имаат кациги за мотоцикл и користат канистери со гориво.

Две лица со канистери со гориво, се прекачуваат преку оградата на еврејската заедница во Скопје и подметнуваат пожар. Настанот според снимките од видео надзорот се случил во неделата утрото околу 4:50 минути, а по два часа е пријавен и во полиција.

На снимката се гледаат лицата кои носат шлемови за да не можат лесно да бидат идентификувани, како со канистерите полеваат гориво на бетонот во дворот на синагогата, а откако излегуваат преккачувајќи се фрлаат запалива направа и предизвикуваат пожар. МВР се уште трага по двете лица кои се обидоа да го запалат објектот на еврејската заедница и истражуваат што точно се случило.

Од еврејската заедница рекоа дека овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз соживотот, достоинството и заемната почит. И заедницата и израелската амбасадорка побараа случајот целосно да биде расветлен и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Амбасадорката забележа дека е ова прв антисемитски инцидент во Македонија од 1945.

Со реакција и министерот Муцунски.

Советот за безбедност уште во март предупреди дека синагогите и објектите на Еврејската заедница може да бидат под потенцијална закана, а претседателката Гордана Силјановска Давкова подоцна изјави дека од надлежните институции била информирана дека овие објекти се под заштита и контрола.

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен ги поздрави „решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe. Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *