Уставниот суд ги укина законските измени поврзани со платите на судиите

Финансиската независност и самостојност на судството беа клучниот аргумент со кој Уставниот суд на денешната 9. седницата го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите.

Судот истакнува дека коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и за загрозување на независноста и самостојноста на судството.

Законот за изменување на Законот за платите на судиите беше донесен во февруари 2026 година. Уставниот суд соопштува дека независноста на судската власт е уставно загарантирана како дел од темелните вредности на уставниот поредок, владеењето на правото и поделбата на власта.

Уставните судии поведоа и постапка за Колективниот договор за вработените во културата, откако синдикатот ги оспори решенијата за платено отсуство и за пресметка на плати, за кои тврдеше дека создаваат нееднаквост со другите вработени во јавниот сектор, ги кршат Уставот и законите.

Од Синдикатот за култура велат, со децении чекаат да ги добијат основните работнички права. Без разлика од исходот од одлуката на Уставен, борбата за правда на културните работници ќе продолжи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *