Мицкоски: Комисија од уставни експерти ќе бара решение за проблемот со правосудниот испит

Комисија од уставни експерти ќе бара решение за употребата на албанскиот јазик при полагање на правосудниот испит, најави премиерот Христијан Мицкоски, по протестот на студенти кои побараа испитот да се полага на мајчин јазик.

Тој истакна дека при носењето решение мора да се почитуваат Уставот и меѓународните стандарди. Според него, Законот за употреба на јазиците е оспорен пред Уставниот суд, особено во делот што се однесува на правосудството, а постои и негативно мислење од Венецијанската комисија за двојазичноста во овој сектор.

Мицкоски нагласи дека, од една страна, недостигаат ресурси за спроведување на вакви решенија, а од друга, не се гарантира еднаквост во примената на правото. Поради тоа, Венецијанската комисија препорачува враќање на претходните законски решенија.

Воедно, тој посочи дека студентите кои студираат на албански јазик имаат право на образование на мајчин јазик во рамки на системот.

Во однос на присуството на опозициски претставници на протестот, Мицкоски изјави дека за тоа ги информирал сојузниците во НАТО и ЕУ, оценувајќи дека станува збор за обид за дестабилизација, што не наишло на поддршка од меѓународната заедница.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *