ЕЕС ќе стане целосно оперативен од 10 април

Европската унија (ЕУ) е подготвена за почеток на примената на ЕЕС, новиот систем за биометриска проверка на патници кои влегуваат во Шенген зоната, а кој ќе стапи на сила на 10 април.

Како функционира ЕЕС системот земање отпечаток од прст при првиот влез фотографирање на лицата на патниците автоматско препознавање при наредни влегувања евидентирање на влезови и излези од ЕУ детекција на лажни идентитети Според информациите од Генералната дирекција за внатрешни работи на Европската комисија (ЕК), досега во системот се регистрирани 45 милиони патници од целиот свет.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, уверува дека институциите веќе работат на трајно решение.

“Досега системот беше книжeн и во практика постоеше одредена толеранција. Со електронската евиденција, тоа веќе нема да биде возможно. Добро е што реагираа превозниците, бидејќи нивната реакција придонесе Европската комисија предвреме да ја презентира новата визна стратегија”, смета Николоски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *