Судскиот совет одржува седница

Шеснаесет судови биле ажурни во 2025 година, од нив 14 основни, вклучително и кривичниот во Скопје, и два апелациски во Штип и во Гостивар.

Неажурни во работењето биле 18 судови: Врховниот суд, Вишот управен суд, Управниот суд, апелациските судови во Скопје и Битола и 13 основни судови, што значи дека поголем дел од судовите во земјава лани примиле повеќе предмети, отколку што решиле и со тоа го зголемиле бројот на нерешени предмети.

Ова го покажуваат статиситичките податоци содржани во Годишниот извештај за работа на судовите за 2025 година, кој беше на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет и кој едногласно беше усвоен од неговите членови.

Исто така на седницата, Советот ја номинираше Мери Дика-Георгиевска од Апелациониот суд во Скопје за судија на Уставниот суд. 10 члена гласаа „за“, еден беше „против“, додека Антоанета Димовска се изземе од точката на дневен ред.

Оние што ја поддржаа номинацијата рекоа дека Дика-Георгиевска ги исполнува сите услови и дека е професионалец со богато искуство, личен и професионален интегритет.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *