
Премиерот Христијан Мицкоски го нарече циркузант новинарот Невриј Адеми во Тетово кој вчера во Тетово ја праша министерката Весна Јаневска дали има преведувач со неа и дека минатиот пат ѝ било укажано кога ќе доаѓа во Тетово треба да има преведувач.
Прашан за коментар, Мицкоски рече дека некои луѓе не заслужуваат коментар.
“Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку влезете во таа естрада”, изјави Мицкоски.
Исто така, од Владата велат дека новинарот со очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обратил кон Министерката.
Од Владата укажуваат – сите функционери да се однесуваат со почит и коректност кон новинарите, но очекуваме и тие да возвратат со ист степен на професионализам и почит.