Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Анакиев уапсен во случај на поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.

Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница Притворот на директорот Васе Анакиев, кој е осомничен за примање поткуп, му е определен по сите три основи, односно опасност од бегство, можност од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *