
Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ во твит по средбата со колегата Мицкоски во Брисел.
„Драго ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на горивата. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија. Веруваме дека Северна Македонија заслужува јасна перспектива во ЕУ“, се вели во твитот на хрватскиот премиер.