Савески избран за генерален обвинител

Собранието на денешната 94. седница со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани.

Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една дамка во кариерата.

“Ќе имате обврска да воспоставите стандард во кој обвинителот ќе стане синоним за законитост и заштита на јавното добро. Ќе имате обврска институционално да расчистите со последиците од СЈО. Ова е многу значајно за да се исцрта јасна линија меѓу правото и злоупотребата на правото, па макар таа злоупотреба да била направена и од обвинител”, рече Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од Европскиот фронт Скендер Реџепи, Илир Хасани и Халил Снопче истакнаа дека од Савески очекуваат повторно да ги отвори случаите на болницата во Тетово, за малиот Алмир, Монструм и Алфа.

Иако немаше одредени критики кон новиот јавен обвинител Савески, Јована Тренчевска од СДСМ рече дека власта сака од него да направи сопствен слуга.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *