Одржана јавна дебата за Законот за јавно обвинителство

За самостојно и модерно обвинителство потребни се услови, кадар и независен буџет, беа дел oд поентите на денешната јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Светот оди напред во обвинителства и судови се користи вештачкаи нтелигенција, а кај нас сè уште дигитализација и интероперабилностa се мислени именки, порача Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл Македонија“.

Професорката по кривично право Александра Дејановска Трендафилова која беше дел од работната група рече дека се зајакнува самостојноста на јавните обвинители, обвинителите ќе се оценуваат на пократок рок, а се предвидува и потранспарентна процедура за избор на државниот обвинител. Смета дека со законот да се предвиди државниот обвинител да се бира со квалификувано мнозинсто и се повика на амандманот 10 од уставот.

Претходно, професорот по уставно право Денис Прешова веќе порача дека дојдено е времето со закон да се предвиди квалификувано мнозинство за именување на републичкиот Јавен обвинител и избор на членовите на Советот на јавни обвинители со оглас. Тој на социјалните мрежи објаснува дека нема пречка за тоа, со оглед на тоа што со Уставот воопшто не е регулирано потребното мнозинство за избор и именување.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *