Потенцијален случај на сериски убиец: Ќе се ексхумира уште едно тело

Уште една мртва жена од кумановскиот регион ќе биде ехумирана како сомнителен случај дека е жртва на серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане. Од обвинителството не откриваат која е починатата. Само дека е од истиот регион, повозрасна и дека нејзиниот случај потсеќа на претходните, но дека била закопана без да се истражува причината за смртта.

Ако се потврди дека осомничениот 25 годишен Трајко Бојковски ја убил и неа тоа значи дека ќе биде третта негова жртва. За првите две 78 годишната Мира и 35 годишната Марија која претходно беше откопана и дадена на обдукција обвинителството веќе има цврст докази дека тој е убиецот.

Обдукцијата покажала дека се задушени и имаат тешки повреди по телото, а ДНК анализата потврдила дека Бојковски е убиецот. Но, паралелно се истражува улогата на сите поврзани со Бојковски и случаите. Од тоа дали негови блиски учествувале и се вмешани во серијата кривични дела, до тоа кој се не постапувал па серискиот убиец долго време бил на слобода.

Се истражуваат и пријавите за обид за убиства, напади и кражби кои не биле процесуирани. Лекари, службеници, полицајци се дел од мрежата која потфрлила. Но сега се лоцира дали има виновници, велат од обвинителството.

Велат дека на ниту еден од случаите ниту лекари ниту полицајци не повикале обвинител да излезе на местото на злосторството, туку жртвите биле закопани без сомнежи дека се работи за убиство.

Инаку кај обвинителството веќе има едно вештачење на здравствената состојба на Трајко, кое било изработено поради тешка кражба но тој не бил гонет за делото. Сега се бара ново вештачење кое ќе треба да ја утврди неговата психичка состојба и пресметливост. Тој во меѓувреме е во притвор во Кумановскиот затвор.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *