
Работната група за Изборниот законик, формирана од парламентарни групи и независни пратеници, не започна со работа поради јазични бариери.
Европскиот фронт предводен од ДУИ во петокот побара сите материјали да бидат преведени и на албански јазик. Партиите очекуваат Министерството за правда да подготви работна верзија на новиот законик, која ќе ги вклучи сите барања од политичките партии, а потоа законот да биде донесен со консензус.
Левица, ЛДП и ЗНАМ се за единствена изборна единица, со праг, отворени листи и намалување на бројот на пратеници.
СДСМ повика на вклучување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
ВМРО-ДПМНЕ изрази подготвеност решението да се постигне со консензус.
Новите правила треба да бидат договорени до јуни и да се спроведат почнувајќи од следните парламентарни избори.