
На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели.
Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис.
Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли. Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели. Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постоечката законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.