Вонреден инспекциски надзор во Министерството за правда за правосудниот испит

Инспекторатот за употреба на јазиците денеска влезе во министерството за правда да врши вонреден инспекциски надзор за тоа како се полага правосудниот испит.

Иако инспекторатот е под министерството за правда, тие денеска го проверуваа системот одвнатре, бараа документи и објаснување како се одвива постапката за полагање на испитот, која низ годините никогаш не е променета и тој се полага само на македонски јазик. Денешниот надзор е прв од ваков вид во министерството.

Инспекторите за Сител велат дека вонредната контрола следува по неколку поднесени иницијативи и петиција од студенти. Инспекторите велат ќе барале неправилности, но дали тие неправилности ќе ги бараат во документи или предмети, конкретен одговор не знаеа да дадат.

Министерот за правда, Игор Филков вели дека не знаат дали и воопшто е законски вонредниот надзор, со оглед на тоа што инспекторите се повикуваат на анонимни иницијативи кои во минситерството воопшто и не пристигнале.

Потеницира да не се злоупотребуваат инсититуциите и да се почитува Уставот, а со тоа и полагањето правосуден на македонски јазик кој е клучен предустлов за работа во правосудниот систем.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *