Владата и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат обвинувањата на СДСМ за употреба на авион

Јасно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согалсно Правилникот за условите и начинот за тоа. Секое користење е евидентирано, документаирано, и предмет на институтционална контрола, велат од владата по обвинувањата.

Од Владата велат дека ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба.

„Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста добро знае дека истиот воздухоплов беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани.

Загрижува фактот што истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека денешните обиди за морализирање од страна на истите актери претставуваат класичен пример на политичка хипокризија.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *