
Во среда, членовите на ромската заедница што живеат во Злокуќани (лоцирано во Скопје) го блокираа сообраќајот на улицата Скупи, изразувајќи револт поради одлуките на полицијата да им одземе возила на лица фатени како возат без возачка дозвола. Како што рече еден учесник во блокадата, луѓето што живеат таму имаат комбиња и автомобили во вредност од 5, 10, па дури и над 50.000 евра.
И тој ден имаше блокада од страна на членовите на ромската заедница на патот Прилеп-Градско, во близина на Плетвар. Демонстрантите рекоа дека иако луѓето треба да бидат казнети за возење без возачка дозвола, одземањето возила е голема неправда за сите луѓе, не само за членовите на неговата заедница.
Во среда имаше нова блокада и на патот Битолско-Ресен, каде што стотици граѓани повторно рекоа дека се дискриминирани затоа што прописите бараат кандидатите да имаат завршено основно образование за да можат да полагаат возачки испит уште на почетокот.
Демократските сили на Ромите изјавија дека се достапни за организирана поддршка за сите оние што сакаат да го завршат својот образовен процес. Во врска со протестите во вторникот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир.