
Илјадници граѓани присуствуваа на денешниот протестен марш „Стоп за Усје“. Поворката започна пред влада, а потоа се движеше кон Министерството за животна средина.
На 12-ти март Усје повторно ќе бара да ја обнови дозволата за работа, а ние тука треба да влијаеме, порачаа еко-активистите од денешниот протест. Дали компанија која е навистина чиста која навистина работи по закон ќе дозволеше ова да прерасне во олку голем обем, ако навистина беше така ќе дозволеше јавно 24-часовно мереше на тоа што го испуштаат оџаците, велат граѓаните.
Од Министерството за животна средина велат дека мониторингот е согласно закон.
Стандарди и светски практики го врши операторот односно тој што го генерира загадувањето и во никој случај тоа не смее да биде облигација на институциите, во тој случај би било дека мерењата можат да се вршат со буџетски пари односно на товар на граѓаните.
Беса Татеши од министерството истакна дека треба да се верува на резултатите од мерење на загадувањето.