
СДСМ повторно се осврна на обвинувањата и прашањата на Алфа ТВ, тврдејќи дека нивните вработени продолжуваат вербално да ги навредуваат СДСМ и нивните членови.
„Додека „Бетменот“ на Вмровците [Богдан Илиевски] им се заканува на СДСМ, Алфа ТВ молчи.
Одговоривме на сите прашања, сега е ред на Алфа: Кој ве поседува? Зошто вашето лого наликува на логото на Алта Банка? Зошто Ивона Талевска, поврзана со Драган Павловиќ – Латас, пишува изјави копи-пејст за ВМРО, Алфа ТВ и Алта Банка?
Колку пати била во Белград на предизборни состаноци? Уште еднаш ве фативме во лаги. Ивона, што сега?“, реагираа од СДСМ.
Реагираа и на изјавите на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, обвинувајќи го за анти-ЕУ изјави.