Операција против даночна евазија и други кривични дела: Деталите ќе бидат презентирани во петок

Претресите во рамките на акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) насочена кон лица кои, меѓу другото, се осомничени за даночно измама и даночно затајување од поголеми размери, сè уште се во тек.

Поради ова, како што доцна вечерва информираа од Обвинителството, деталите за акцијата ќе бидат соопштени утре. Претходно попладнево од ОЈО ГОКК информираа дека нивните истражители заедно со полициски службеници вршат претреси на повеќе локации низ државата.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации во државата“, рекоа до Обвинителството.

Како што наведоа оттаму, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *