Нови обвинувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Решенија за градење пирамиди“

СДСМ денеска објави дека сопственикот на фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која доби 51 тендер бил член на избирачки одбор како претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме. Станува збор за фирмата ‘Пирамид билдинг солушнс’ и за нејзиниот сопственик, извесен Петар Доновски, кој е член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ на Избирачко место 2680 во Општина Аеродром.

По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник. Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание? Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери“, рече Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ.

„Овој скандал открива и нешто друго. А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес. Уште еден доказ зошто техничката влада мора да остане“, рече Огњеновиќ.

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека СДСМ шири лаги и манипулации.

„Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *