ДИК ги објави прелиминарните официјални резултати од прегласувањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, врз основа на оригиналните записници од гласачките места.

Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово-Ростуше Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште Исен Шабани од НАИ, додека во Центар Жупа имало пријавен еден кандидат – Аријан Ибраим од Демокатската партија на Турците во Македонија.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека од моментот на соопштување на првичните официјални резултати, односно од денеска во 15 часот, тече рокот од 48 часа за жалби за сумирањето и утврдување на резултатите од гласањето.

Потсети дека од вчера од затворањето на избирачките места тече рок, исто така од 48 часа, за приговори во однос на постапката на гласање.

Доколку во овие предвидени рокови нема приговори – рече претседателот на Комисијата, ДИК во среда попладне на седница ќе ги објави конечните официјални резултати од повторените локални избори.

Во Гостивар, излезноста изнесувала 28,72 отсто. Според податоците од ДИК, во Маврово Ростуше од запишани 10.575 гласачи гласале вкупно гласале 3.021 гласачи, односно 28,57 процент. општина Врапчиште запишани се 27.279 избирачи во Избирачкиот список, а гласале 8.791 гласач, односно 32,23 отсто. Во Центар Жупа во Избирачкиот список се запишани 7.562 избирачи, а гласале 1.003 гласачи, што претставува излезност од 13,26 отсто.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *