Министерство за правда за Изборниот законик и прашања поврзани со неколку предлог-закони

Министерството за правда денеска испратило допис до Собранието, парламентарните партии и независните групи и пратеници да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик.

Очекувањата и од Министерството за правда и од Собранието се дека тие би почнале со работа во втората половина на јануари. Како што објаснуваат од Министерството за правда, работна верзија на Изборниот законик ќе биде доставена до пратениците кои по консултации во матичните партии треба да достават предлози до работната група.

Позитивната оценка од Венецијанската комисија му даде зелено светло на Законот за јавно обвинителство за влез во владина процедура.

Се работи за речиси нов закон меѓу кој се издвојуваат постапката за избор на републичкиот јавен обвинител, дисциплинската постапка и оценувањето на работата на обвинителите. Ресорното министерство очекува во следниот период на дневен ред во Владата да се најде и Законот за Совет на јавните обвинители.

Во однос на финансиите се воведува и нов механизам за обезбедување на исплатата на 0,4 проценти од буџетот. Во реформскиот сет закони од ресорното министерство ги најавуваат и Законот за пробација, за извршување на санкциите и за здруженија со кои се предвидени клучни измени.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *