
Собранието го донесе Законот за Судски совет со 73 гласа „за“ и 1 „воздржан“.
Клучните измени се јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“, јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
Според Законот предвидени се и јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот, обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите, рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот и бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.