Не може да има кратенки, вели Кос на Форумот за проширување

Нема скратен пат до членство во ЕУ – ова е пораката која еврокомесарката за проширување Марта Кос ја упати од првиот форум за проширување во Брисел. Земјите –кандидатки како што нагласи таа, мора да имаат целосна усогласеност со европското законодавство и да испорачаат со реформите.

Повтори дека моментумот за проширување е тука, но додаде дека и покрај актуелните предизивици, процесот мора да биде кредибилен без да се затворат очите пред недостатоците на земјите кандидатки, како одговор на геополитичките аргументи.

“Земјите-кандидатки мора да се усогласат целосно со законодавството на ЕУ и мора да го спроведат ефективно. Нема скратен пат и нема да има скратен пат. Често ме прашуваат дали тие геополитички аргументи значат дека треба да замижиме и да внесеме нови земји-членки без разлика на се? Не, ви велам дека е сосема спротивното”, изјави Марта Кос – Еврокомесарка за проширување.

Форумот за проширување во Брисел е дел од кампањата на Европската Комисија кој треба да послужи за издигнување на процесот како заеднички политички и општествен проект.

Настанот инаку, го отвори шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен која порача дека иако патот кон челнство е предизвик за секоја земја пред се, поради спроведување на реформите, дека сепак придобивките од влез во Унијата се големи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *