
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и Центар Жупа.
Повторените избори се закажани за 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство.
„Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури“, се наведува во изјавата од Гаши.
Претседателот на Собранието упати отворен повик до сите вклучени страни за професионално и транспарентно спроведување на изборниот процес. Гаши упатува повик до граѓаните на овие општини за масовно да го остварат своето право на глас.