Министерот Муцунски се сретна со Грлич Радман за време на посетата на Хрватска

За време на посетата на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се состана со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлич Радман.

“Хрватска е наш пријател, НАТО сојузник и силен поддржувач за нашето ЕУ-интегрирање. На покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, престојувам во работна посета на Хрватска.

Со оваа посета ги потврдуваме одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО сојузништво и пријателство кое се негува веќе 32 години.

На средбата со мојот хрватски колега разменивме мислења и ставови околу актуелните регионални и глобални предизвици.

Се заблагодарив за континуираната поддршка од Хрватска во процесот на нашето ЕУ-интегрирање, што е од големо значење не само за развојот на нашиот регион, туку и за стабилноста на Европа.

Посебен акцент во разговорите ставивме на економската соработка, каде што се сложивме дека во идниот период ќе работиме на нејзино интензивирање и продлабочување, со цел да обезбедиме поголеми економски придобивки за граѓаните на двете земји”, изјави Муцунски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *