
„Целосно разбирам дека по изборите треба да постои вистинска желба за значителна, радикална акција за решавање на владеењето на правото.
Но, она што е важно, мислам, е дека одредена сума е веќе постигната“, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Сител во врска со прашањето за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.
Според него, она што треба да се направи е да се надградува веќе постигнатото.
„Ние не почнуваме од ништо. Мислам дека не треба да бидеме во позиција каде што едноставно, некако, ја бришеме работата и почнуваме одново. Звучи привлечно, но, всушност, не ја постигнува целта што ја сакаме, а тоа е да видиме вистински подобрувања во владеењето на правото. Значи, она што треба да направиме е да го надградиме она што е веќе постигнато“, посочува амбасадорот.
Во однос на уставните измени, тој е скептичен кога станува збор за можноста владата да преговара нешто понатаму.