
Активни девет пожари, најголемиот на територија на Општина Македонски Брод, се гасне и со хеликоптери Од вкупно 40 пожари регистрирани во текот на вчерашниот ден, изгаснати се 25 пожари, а шест се ставени под контрола.
Девет пожари се се уште активни во текот на денешниот ден, од кои најголем е пожарот на територија на Општина Македонски Брод, стои во видео-изјавата објавена од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Пет месеци затвор доби 25-годишниот жител на Горно Оризари С. Ц. за предизвикување пожар.
Обвинетиот ги признал делото, по што судија на Основен суд Велс го прогласи за виновен и му изрече затворска казна. Нему му е продолжен притворот. С. Ц. беше обвинет за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.
Според обвинението, С. Ц. на 21 јули на дива депонија во селото со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил.
Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил и зафатил голема површина.