
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Дејвид Гир чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Македонија завршува.
Филипче и Гир разговараа за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата.
Во разговорот, Филипче истакна дека е загрижен за насоката во која новата Влада ја води земјата, особено за иднината на евроинтеграциските процеси.
Претседателот на СДСМ пред евроамбасадорот го истакна и неговиот сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.
Во таа насока, Филипче го информираше Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.
Филипче му се заблагодари на Гир за неговата посветеност и работа во земјава ангажирајќи се како вистински пријател на Македонија кој даде голема поддршка во остварување на државните стратешки цели,с е наведува во партиското соопштение.