Вести

Шекеринска и Османи: Пратениците да ја прифатат пораката од референдумот и да го следат гласот на мнозинството за европска Македонија

Заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржаа прес-конференција по повод резултатите од референдумот, како и за пораките што ги испорачаа граѓаните со резултатите од гласањето. Заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, пред ...

Read More »

Иванов: Република Македонија остана непоразена

Почитувани граѓани на Република Македонија, На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус.Тивкото мнозинство одлучи. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати. Пораката од народот е испратена до оние кои мора да ја слушнат. Реалноста е дека ...

Read More »

СДСМ: Честитки до граѓаните за демократскиот референдумски ден

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на граѓаните и институциите коишто вчера спроведоа мирен, демократски референдумски ден. Волјата на граѓаните е јасно изразена и порачува дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ. Над 666.000 граѓани гласаа на референдумот покажувајќи ја демократската зрелост за што сме благодарни. Во огромното мнозинство, над 605.000 граѓани, или над 91% од граѓаните гласаа ...

Read More »

Премиерот Заев: Повеќе од 90% од гласовите се ЗА, пратениците имаат обврска да ја обезбедат иднината на Македонија

Почитувани граѓани на Република Македонија! Денес е важен ден за нашата држава и за нашите граѓани. Граѓаните достоинствено гласаа и со својот мнозински глас порачаа дека нашиот пат и нашата светла иднина се во НАТО и во Европската Унија. На овој референдум македонските граѓани ја докажаа својата демократска зрелост. Одлуката што ја донесоа денеска не беше лесна. Но, таа мораше ...

Read More »

Мицкоски: Македонија кажа дека Договорот за името не поминува

Почитувани, Името ни е големо, велеше Блаже Коневски. Ова е Македонија, секој еден од вас, старо младо, машко и женско. Македонија денеска кажа, соопшти, дека договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум. Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл, а денес Македонија вистински победи. Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка на овој срамен договор, односно бројот на граѓани ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот неуспешен, Заев и СДСм делегитимирани

Зоран Заев и СДСМ се делегитимирани. Политиките на Заев и владата паднаа. Македонија вчера, соопшти, дека договорот не поминува. Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата и никој друг. Склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека договорот поминува, се обиде да ги прикрие сите криминални афери и преку брутална манипулација и кршење на законите ...

Read More »

Завршно обраќање на Претседателот на Владата Зоран Заев до граѓаните на Република Македонија за референдумот на 30 септември

Почитувани граѓани, Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија. Овој споменик, Македониум, нè потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: Во 1903 година за ...

Read More »

Османи, Дескоска и Маричиќ се обратија на отворањето на дводневниот скрининг за Поглавјето 23 во Берлејмонт: Подготвени сме за партнерство со ЕУ, друга алтернатива Македонија нема

Денеска формално започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и Шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија д-р Бујар Османи, Министерката за правда Рената Дескоска и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на ...

Read More »

Стартуваше изградбата на нова фабрика на компанијата Саген во ТИРЗ Скопје 1: Македонија станува посакувана дестинација за многу нови странски и домашни инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за здравство д-р Венко Филипче и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски денеска присуствуваа на настан посветен на отпочнувањето на изградбата на фабриката на првата странска инвестиција ...

Read More »

Премиерот Заев од Крушево: На 30-ти септември со секој глас ЗА им обезбедуваме сигурна иднина на нашите деца

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев попладнево се обрати на граѓанска трибина во Крушево. Пред жителите на градот, кои се собраа пред Македониумот – едно од обележјата на Република Македонија, Премиерот Заев истакна дека како што во 1903-тата нашите дедовци храбро се бореле и пролеале крв за нашата татковина, така сега од нас се очекува храбра одлука со која ...

Read More »