Вести

Соработка помеѓу младите од Македонија и Бугарија како решение за подобрување на односите

Младите од Македонија и Бугарија иако споделуваат исти проблеми и желби, многу малку меѓусебно се познаваат и комуницираат, а моменталната политичка ситуација и тензија меѓу двете држави дополнително им одмогнува и уште повеќе ги раздалечува двете општества. Вака дел од говорниците на денешната дебата за заедничките визии и предизвици во односите меѓу Македонија и Бугарија низ призмата на младите, која ...

Read More »

Соработка помеѓу Македонија и Италија за светската изложба 2030

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз, соопшти прес-службата на Владата. Грковска ја ...

Read More »

Проект за регионален центар за рехабилитација на децата со канцер во Кучково

Со реконструкција, старото основно училиште во селото Кучково ќе се преадаптира во регионален центар за рехабилитација на децата што преживеале канцер. Проектот е поддржан од Министерството за локална самоуправа и од Владата на Швајцарија, а ќе го спроведува Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион во рамки на проектот „Приказната продолжува“. Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, денеска го промовираше ...

Read More »

Сомнителна дејствителност во Клиниката за Онкологија: Дали се продавале терапии на црниот пазар?

Компјутери, податоци во дигитална форма и документација се одземени и запленети во вчерашните претреси на Клиниката за Онкологија но и во домови на вработени на клиниката, соопшти Обвинителството. Вештачењето ќе покаже дали заради профит се тргувало со терапија односно со животите на пацинетите на Клиниката кои зависат од неа. Претресите се во рамки на предистрага Обвинителството отвроена по серијата текстови ...

Read More »

Бугарија ја потврдува својата позиција кон Македонија: Исполнете обврските за евроинтеграции

Позицијата на Бугарија кон Македонија е многу јасна-да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година-изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел. Во одговорот на пратеничко прашање во Собранието, рече дека Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, јазикот, културата и идентитетот. “Сакаме многу јасно да покажеме пред Република Северна Македонија дека само ...

Read More »

Пендаровски одговара на Макрон: Западниот Балкан го заслужува своето место во ЕУ

Изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, не е нешто ново. Вака претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ја оцени денеска изјавата на Макрон за потреба за реформа на Европската унија пред нејзино проширување, но со став дека идеја на Макрон никогаш не го условила проширувањето со реформирањето на Унијата. „Макрон на почетокот на својот говор, специфично во тој дел кога зборува ...

Read More »

Министерот Спасовски: Идентитетот на лицето со знаме на ‘Голема Албанија’ ќе биде откриен за неколку дена

Лоцирани се неколку лица и за неколку дена ќе се знае идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија, изјави денеска министерот Спасовски без да одговори дали станува збор за косовски или граѓанин на Македонија. Претходно Спасовски тврдеше дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но дека правда ќе има и во случај ...

Read More »

Септември: Месец на македонско-американската култура

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. „Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и ...

Read More »

Премиерот Ковачевски Ги Поддржува Предлозите за Уставни Измени и Повикува на Лидерска Средба

Уставните измени се дел од преговарачката рамка и од нас зависи со која динамика ќе се движиме по евроинтегративниот пат, вели премиерот Ковачевски. Според него пораките на европските лидери се јасни, тие одлучуваат во Европскиот Совет врз основа на изештаите на Европската Комисија, која во однос на уставните измени нема никакви забелешки. „За уставните измени нема никакви коментари во однос ...

Read More »

Проширување на ЕУ: Оливер Вархеји најавува Предлози за Интеграција

Иницијативата на Шарл Мишел за проширување на Унијата во 2030- та, ќе го има првиот тест на 5-ти октомври на неформалниот Самит во Гранада. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји најави дека Европската Комисија ќе стави на маса, суштински предлози во насока да се постигне не само институционална, туку и вистинска интеграција. Одби да одговори дали тајмингот 2030-та е реален. “Ако ...

Read More »