Вести

Соработка на обвинители од Македонија, Косово и Албанија во предистрагата за Онкологија

Предистражната постапка за случајот со Онкологија се прошири во Косово и Албанија. Од обвинителството соопштија дека македонскиот тим обвинители вчера се сретнал со обвинители во Приштина а од косовските органи побарале конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз чија основа беше отворена предистрагата. Наскоро ваква средба ќе се организира и во обвинителството во Албанија, а во меѓувреме се преземаат ...

Read More »

Полициски инспектор обвинет за смртта на мигрантка во Гевгелија: Казна од 3 години затвор може да следи

Обвинителството поднесе обвинение против полициски инспектор со чиј пиштол беше застрелана и убиена 23-годишната Фатмата Камара од Сиера Леоне. Полицаецот е обвинет за дело „Тешки дела против општата сигурност“ за што е предвидена минимална казна од 3 години затвор без затворски максимум. Инцидентот се случи во април оваа година во местото Стара касарна кај Гевгелија. При рација за спречување на ...

Read More »

Вонреден состанок на ОБСЕ во Виена: Османи дискутира за критичните предизвици пред Организацијата

На барање на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, во Виена се одржа вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, со засилено учество на високо ниво. Со оглед на критичните предизвици со кои се соочува Организацијата во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина, министрите за надворешни работи и други високи претставници на државите учеснички ...

Read More »

ДУИ и Артан Груби обвинувани за внесување на казина во домовите на граѓаните

Груби и ДУИ со основањето на нови три казино компании ги внесуваат коцкарниците во нашите домови. Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити денеска соопшти дека на 11 септември државата објавила одлука и јавен повик за основање нови три казино компании. Според него, овие казино компании, кои ќе бидат во доминантна државна сопственост, ќе овозможат коцкање на интернет, на телефони, таблети ...

Read More »

Законот за амнестија и измените во КЗ на владина седница утре

Законот за амнестија за помали кривични дела, утре на владина седница. Заедно со измените на кривичниот законик е и усогласувањето со европското законодавство. Нема помилување на поранешни или актуелни функционери, тврди Ковачевски. Појаснува дека со кривичниот закон се утврдува висината на казните како во Германија и Словенија, според 422 основи, а не според општи одредби. Процедурата е јасна – Законот ...

Read More »

Груевски: Мицкоски соработува со Заев, дали е уцена во прашање?

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија. Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата ...

Read More »

Судскиот и обвинителскиот совет критикуваат нетранспарентно носење на измените на КЗ

Брзото и нетранспарентното носење на измените на КЗ е главната забелешка на првите луѓе на судскиот и обвинителскиот совет. Министерството за правда не ги консултирало ни овие две институции иако досега се барало од нив мислење за законите од правосудството. Не беа анализирани последиците и ефектите од законските измени вели претседатлеот на судски совет Претседатлеот на советот на јавни обвинители ...

Read More »

Македонскиот премиер изразува загриженост за немирите на Косово

Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди немирите на северот на Косово коментирајќи дека ваквите акти на насилство никому не му се потребни и не носат ништо добро во регионот. Премиерот смета зад вчерашните случувања стои нечија агенда на луѓе, кои, како што рече Ковачевски, сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир и кавга меѓу соседите. Ковачевски вчера ...

Read More »

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија: Граѓаните имаат право на самоопределување

Тие имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска прашана за коментар во врска со бугарски притисоци кон македонското малцинство во Албанија за ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ обвинува Владата за сомнителни тендери во здравството

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес- конференција обвини дека здравството во земјата, наместо да биде извор на лек и спасување животи, стана извор на сомнителни тендер. Милионските бизниси и фаворизирањето семејни фирми, како што рече, не е новитет за оваа Влада, а во секторот здравство, според Митева, тоа е и најизразено. Таа зборуваше за, како што ја нарече, ...

Read More »