Author Archives: sasko

Состојба на патиштата 26.10.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Премиерот Ковачевски ја предаде одлуката за датумот на изборите на парламентот

Премиерот Ковачевски вели дека разговорите за одржување на изборите треба да бидат свикани од парламентот. Тој овој пат посочува дека партиите се тие кои ќе го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори. За терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарни избори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, изјави премиерот Ковачевски потенцирајќи ...

Read More »

Адвокати и обвинети бараат решение за застарување во предметот “Талир”

Застарување ќе има и во предметот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески. „Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на ...

Read More »

Претседателката на Врховниот суд оствари средба со амбасадорката на САД

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството. Беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите ...

Read More »

Северна Македонија рангирана 67 место од 142 држави во Индексот за владеење на правото

Северна Македонија е рангирана на 67 место меѓу 142 држави на најновата глобална листа според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда, објавена денеска, со оценка од 0,53 поени, иста како и во претходните три години. Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјава е на 97 место со оценка 0,47, според отсуството на корупција на 75-то ...

Read More »

Бивши заменици министри за здравство негираат одговорност во Онкологија скандалот

Илир Хасани како заменик министер немал соработка со Венко Филипче а неговиот наследник Владимир Рендевски незнаел зошто Беким Сали го разреши Нино Васев од директор на Онкологија. Двајцата поранешни здравствени функционери за скандалот слушнале од медиумите а на бројни прашања од пратениците во Анкетната комисија не дадоа конкретни одговори бидејќи или немале увид во документација или не биле дел од ...

Read More »

Состојба на патиштата 25.10.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ во средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан. Како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ...

Read More »

Пет македонски државјани чекаат евакуација од Појасот Газа

Вкупно пет македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа. Станува збор еден брачен пар и за татко со две деца, чија жена е Палестинка, а нивната евакуација ќе зависи од одлуката на Египет да ја подигне рампата на границата со Газа. Ваквите информации на седница на собраниската комисија за надворешна политика ги изнесе новоименуванот амбасадор во Тел Авив, ...

Read More »

Портал ИРЛ осуден за клевета по тужба од Кочо Анѓушев

Порталот ИРЛ е осуден за клевета по тужба од познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економија Кочо Анѓушев и компанијата Брако. Основниот суд Скопје 2 го осуди порталот ИРЛ дека го наклеветил бизнисменот Кочо Анѓушев во емисија објавена на јавниот сервис, без притоа да му даде шанса да одговори или да му испрати прашања. Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ...

Read More »