Author Archives: sasko

ВМРО-ДПМНЕ потврди листите за пратеници, вклучувајќи нови лица и коалициски места

Пред седиштето раздвижено и бучно, а пред органите и највисоките партиски тела кратко и јасно потврдени листите на пратениците кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Освен досегашните 36 од 41 пратеник на листите се впишани и четири коалициски места, останатите се нови имиња за граѓаните, но добро познати на партијата. Лидерот Мицковски предводи во единица, грб му чува потрептседателката на партијата Гордана Кочовска, ...

Read More »

Крај на законодавниот мандат: Парламентот заврши со 102 од 149 седници

Крај на носењето закони на овој парламентарен состав. Во 4 годишниот мандат одржани биле 149 седници, но комплетно завршени биле 102 – брифираше собранискиот спикер Јован Митрески. И ако вкупно биле донесени над 830 акти, сепак 139 не влегле во процедура или поради несвикување на комисија или поради голем број на поднесени амандмани. Сепак, овој парламентарен состав ќе присуствува на ...

Read More »

ОЛАФ бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнатото информативно писмо од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно ...

Read More »

Дискусии за реформи и визии за приспособување на Кривичниот законик

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност. На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа ...

Read More »

Тројца уапсени за убиството на лекарот Ацо Трповски

За убиството на Ацо Трповски досега се уапсени три лица. Како што изјави во четвртокот привремениот министер за внатрешни работи Панче Тосковски, во случајот за убиството на лекарот е приведено уште едно лице. „Претресот е завршен доцна синоќа. Продолжуваат другите истражни активности за правилно утврдување на фактичката состојба. Откако ќе имаме дополнителни информации, јавноста ќе биде навремено известена“, рече тој ...

Read More »

Состојба на патиштата 28.03.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува договор за коалиција на следниве парламентарни избори

“Имаме принципиелни разговори и договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму како идна влада да функционираме врз основа на тој договор”, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за коалицирањето со помалите партии дел од нив и од владината коалиција. Причината, според него, за соработката е фактот што тие препознале во програмата добри работи. Социјалдемократите и нивните коалициските ...

Read More »

Државната комисија за спречување на корупцијата примила 20 претставки за изборни активности

Панел дискусија за засилување на соработката меѓу институциите, за проценка на изборните ризици. Државната комисија за спречување на корупцијата досега има примено 20-тина претставки за активности кои се однесуваат на изборниот процес. Нив им е даден приоритет и одлуките ќе бидат донесени во најкус можен рок, информира претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, во рамки на панел дискусијата за засилување на ...

Read More »

Историска интеграција во НАТО: Министерката Петровска го опиша пристапот на Северна Македонија како историски момент

Министерката за одбрана Петровска беше меѓу учесниците на настанот по повод четвртата годишнина од интеграцијата на Северна Македонија во НАТО, што се одржа во средата. Таа ја опиша интеграцијата на Северна Македонија во Алијансата како историска. Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија за кандидатурата на нејзината земја за НАТО. Шведска, додаде таа, ќе биде ...

Read More »

Заедничка амбиција за членство во ЕУ: Учесниците на амбасадорскиот состанок го потврдија стремежот кон Европската Унија

Учесниците на амбасадорскиот состанок по повод четиригодишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО, ја истакнаа важноста од исполнувањето и на втората стратешка цел – членство во ЕУ. Според евроамбасадорот Дејвид Гир, за ова да се случи треба да се исполнат преземените обврски од францускиот предлог и да се спроведуваат реформите. „Стана вообичаено да се слушаат сирени кои велат дека земјава ...

Read More »