Фетаи: Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од кабинетот

Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа.

Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во опозиција.

„Делот на AА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се назначени на одредени позиции, најмалку 50, а можеби и повеќе. Гледам дека од нив, само тројца досега поднеле оставки, за тројца се знае дека јавно се изјасниле, за останатите не знам никого што ја напуштил Владата. Знам дека сите други продолжуваат да одат на своите работни места“, вели Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи, кој е претседател на Собранието на Алијанса за Албанците, состанокот на претседателството на партијата што се одржал токму за ова прашање го нарече циркус. Тој посочува дека не му рекол „не“ на Арбен Таравари, туку рекол „не“ на план кој, според него, не е план на Алијансата за Албанците.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *