Стратешко партнерство е важно: Премиерот ги отфрла обвинувањата на опозицијата за транспарентноста и мигрантите

“Македонската јавност ќе има се на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство”, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на опозициските обвинувања за нетранспарентност, нагласувајќи дека нема потреба од растурање пердуви на тема која што не постои и „дека нема да има носење договори по скратена постапка со европски знамиња и со строго доверливо класифицирани документи“.

Мицкоски нагласи дека нема да биде скриена ниту една информација од договорот и дека се ќе биде јавно и транспарентно.

Прашан дали тоа значи дека ги негира информациите за мигранти и азиланти, Мицкоски, рече дека „повторно нема потреба да растураме пердуви на тема која што не постои“.

“Ние можеме да измислуваме теми. Ако немаме и сега да си измислиме тема, дека надвор е темно, а гледаме дека е дење. Не треба британските медиуми. Па зарем изјавата на британскиот амбасадор не е доволна. Никакви кампови, никакви мигранти. Зарем тоа не е доволно. Тоа е исто како сега да кажам како ќе ја коментирате состојбата надвор дека е мрак, а гледаме дека е дење. Tоа е исто во рамки на таа сатира би се изјаснил”, изјави Мицкоски.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *