Од СДСМ го поздравуваат стратешкото партнерство со Велика Бртитанија, но не и пристапот на Владата за делот од договорот кој предвидува заем од 6 милјарди евра.
Лидерот на опзициската СДСМ Венко Филипче ја повика власта да ги изнесе сите детали од договорот меѓу двете влади околу висината на каматната стапка и потеклото на парите, прашувајќи и дали премеирот иако одбил да се градат мигратски кампови во Македонија, сепак порачал дека е отворен да разговара на оваа тема.
За Филипче ваквиот начин на склучување договор е антиевропски, бидејќи доколку земјава биде дел од ЕУ ќе може истите проекти да ги гради со грантови од европските фондови, наместо со кредити кои ќе треба да се враќаат со децении.
За премиерот Мицкоски пак придобивките од договорот со Британија ќе се мултиплицираат и ќе донесат само бенефит и подобар живот за сите граѓани. Вели дека земјава е пред трансформационен период и уште еднаш ги посочи проектите кои ќе се реализираат балгодарение на заемот од 6 милијарди евра.
„Договорени се веќе два типа на проекти. Едниот е реконтрукција, модернизација и изградба на ушпте еден колосек од пругата којашто е дел од Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. Втората група проекти се практично во здравството и тоа конечно завршуавње на Клиничкиот центар во Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла, конечно завршување на болницата во Кичево и реконтрукција на клиничката болница во Тетово“, изјави Мицкоски, претседател на Влада.