Се одлага подготвителната седница за Закониот за јазици која требаше да се одржи за еден месец. Ова го одлучија уставните судуии на денешниот работрен состанок откако ја примиле пресудата на Управен со која е поништен изборот на нивната колешка Елизабета Дуковска која е известител токму за овој предмет.
Дополнителна причина за одлагањето според Судот е нивниот заклучок за Законот за јазиците да постапуваат во полн состав. Уставен нема да ги преотвора постпаките во кои таа била известител или гласала.
Уставните судии не ја коментираат одлуката на Управниот суд. Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, вели министерот за правда без да ја коментира одлуката. Судски совет треба да прелдожи нов кандидат со тоа што ке ги почитува забелешките од пресудата на Управен.