Клековски за можноста да биде министер за здравство

Ако има добар кадар што може да ме замени на фукцијата Директор, би прифатил да бидам Министер за здравство, вели Сашо Клековски, кој сега раководи со Фондот за здравствено осигурување.

Тој по брифингот посветен на повредените во Кочани, кажа дека ако му биде понудено би раководел со секторот здравство, но ако има решавање на кадровската екипираност.

Првиот човек на Фондот и заменик Министерот Јовица Андовски, по критиките во јавноста за недостатокот на кадар и услови за лекување во Кочани, тврдат дека сите пациенти се згрижени, а најавија дека од утре лекари експерти од неколку скопски клиники ќе заминат во кочанската болница за дополнително да ја утврдат состојбата на повредените.

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се уште се лекуваат во странство, а на 18 кои се хоспитализирани во Македонија им е потребен хируршки зафат. Само една пациентка која е во приватна болница во Скопје е во тешка состојба.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *