Вреди нема да останат со девет пратеници, уште четворица ќе им се приклучат, тврди вицепремиерот Изет Меџити, додавајќи дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт.
Со дел се преговара да преминат кај нив, а со дел да бидат поддршка за Владата.
„Во моментов владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот дел има легитимитет и ист број, и без Таравари имаме 13-14 пратеници“, изјави вицепремиерот.
Меџити соопшти и дека деновиве се во преговори со повеќе политички опции за ресорот здравство по заминувањето на Арбен Таравари и зависно од тоа, ќе дадат нов предлог за министер. И за ова тврди дека се во игра и опозициски партии.
За тоа, дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, ќе остане на функцијата, со оглед на тоа дека сè уште не најавил оставка, Меџити одговори дека добро си ја врши работата и се надева дека така и ќе продолжи.
Не очекува проблеми за името на новата пратеничка група на Алијанса за Албанците да прави Зијадин Села, од причина што неговите пратеници се дел од коалицијата Европски фронт, а судскиот процес не е завршен.
Основниот суд во Тетово пресуди дека право на името и печатите на партијата има Села, но Таравари поднесе жалба и нема намера да отстапи сè до конечната судска одлука